ЗА ВЕЛИГДЕН Е НАЈУБО ВО БИТОЛА, ВЕЛИ КАРОЛИНА ГОЧЕВА, КОЈА ОДРЖА ДВА КОНЦЕРТА ВО РОДНИОТ ГРАД

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Каролина Гочева за Велигден имаше два настапа во родната Битола во еден ден. Поп-ѕвездата во моментов е на турнеја низ Македонија со своите најголеми хитови.

Гочева имаше два настапа во хотелот „Епинал“ и ни изјави дека ѝ е традиција Велигден да го помине дома, во својата Битола.

Фото: Инстаграм                                                           „За Велигден сум редовно во Битола затоа што ми е омилен празник и затоа што, како што ние сакаме да кажеме, ‘за Велигден е најубо во Битола‘. Годинава повторно се дружам со мои битолчани и преку песна, убаво, весело, распеано, опуштено, баш како дома“, ни рече Каролина.                                               

Минатата недела, таа одржа концерт во Велешкиот театар. Турнејата на Каролина започна на 1 март во Скопје, а продолжува на 17 мај во Струмица во Домот на културата.

М. ЏАРОВСКА