Македонија за првпат во својата историја ќе има жена на претседателската функција.
Гордана Сиљановска-Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го наследи Стево Пендаровски во вилата Водно откако оствари убедлива победа во вториот круг на претседателските избори.
Таа освои 560.170 гласови, односно 65,14%, додека актуелниот претседател доби поддршка од 251.541 избирач (29,25%).
Сиљановска-Давкова, која на 11 мај ќе наполни 71 година, освои двојно повеќе гласови од Пендаровски во првиот круг пред две недели.
Моментално, само уште шест европски држави имаат претседателка: Словачка, Косово, Словенија, Грција, Молдавија и Грузија.
Фото: К. Попов