ЗА ДА ИМ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА МАЖИТЕ, МУЗЕЈ ВО АВСТРАЛИЈА ГИ ПРЕМЕСТИ УМЕТНИЧКИТЕ ДЕЛА ВО ЖЕНСКИОТ ТОАЛЕТ

Австралија, (Би-Би-Си)

Музеј во Австралија се бори да ја задржи својата изложба само за жени откако суд нареди да им се дозволи влез на мажите според законите за антидискриминација.

Музејот на стара и нова уметност во Тасманија апелираше да се поништи пресудата, тврдејќи дека треба да се промовираат еднакви можности. Судот реагираше по тужбата за родова дискриминација поднесена од Џејсон Лау од Нов Јужен Велс, кому му беше забранет влез на изложбата „Ladies Lounge“.

Уметницата Кирша Кечеле рече дека ќе ја оспори пресудата со тоа што просторот ќе биде „усогласен“ со прописите. Некои од клучните уметнички дела, како оние на Пикасо, ќе бидат преместени во женскиот тоалет на музејот. Само во недела на мажите ќе им биде дозволен влез во женскиот дел од музејот за да научат пеглање и диплење алишта.

„Жените можат да ги донесат сите нивни чисти алишта, а мажите можат да научат грациозни движења диплејќки ги“, рече уметницата.