ПРЕМИЕРА НА „ФАМИЛИЈА АДАМС“ НА БЕГОВСКА ВО СКОПСКИ АЛБАНСКИ ТЕАТАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Фамилија Адамси“ во режија на Теа Беговска е насловена премиерата во Албански театар во Скопје, која ќе се изведе утре (19 мај). Претставата е наменета за публика над 15 години.

„’Фамилијата Адамс’ е приказна со која сите сме растеле и за поголемиот дел од публиката е веќе позната. Ликовите се препознатливи, многу атрактивни и предизвикувачки за креирање, како за актерите, така и за режисерот. Имаме подела на ликовите која е полн погодок кај нас. Ова е прва постановка кај нас на ‘Фамилија Адамс‘. Претставата е намената за млади и тинејџери, но ова е претстава и за возрасните, за родителите и сите семејства“, велат од Албански театар.

Играат Валдета Исмаили, Мелика Кастрати, Мумин Абдулахи, Деа Пајазити, Флакрон Али, Елдин Широки, Гзим Жерка и Блерим Дардишта.

Сценографијата е на Дардан Ахмети и Теа Беговска, костимите се на Андреј Папаз Ѓоргиевски, а музиката на Енес Беговски.

Фото: Албански театар