ШПАНЕЦОТ РОДРИ ПОСТАВИ НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД СО 74 НАТПРЕВАРИ ПО РЕД БЕЗ ПОРАЗ

Англија, (ИФФХС)

Шпанскиот репрезентативец Родри вчера по четврти пат стана шампион на Англија со Манчестер сити и притоа постави светски рекорд. Дуелот со Вест Хем, на кој Сити ја завери шестата титула во последните седум сезони, му беше 74. меч по ред во сите натпреварувања на кој не беше поразен.

Родри го собори рекордот на Паоло Малдини и Деметрио Албертини од 73 едноподруго натпревари без пораз, што стоеше од 1993 година.

Пеп Гвардиола го доведе Родри од Атлетико Мадрид во 2019. Шпанецот оттогаш е срцето на средниот ред на екипата, а го постигна единствениот гол во финалето на Лигата на шампионите минатата година, кога Сити првпат стана европски првак.