ГАСТРОНОМСКО-МУЗИЧКИ НАСТАН ДЕНЕС ВО ПАРКОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денес, (31 мај) во Паркот на Франкофонијата во Скопје во од 17 до 19 часот ќе се одржи манифестацијата „Нож и виљушка на Европска чинија“.

На настанпт кој го организита Општина Центар, ќе се спојат домашните производители и угостители кои подготвуваат автентична храна и пијалаци, еко производи, но и традиционални специјалитети од Австрија, Германија, Франција, Турција, Италија и други европски држави.

Присутните ќе го забавува музичко дуо, како и на  хорот „Елегија“ при Здружението на пензионери на Центар со популарни македонски, англиски, француски и италијански песни. Настапува и ансламблот „Орце Николов“ со традиционални македонски песни и игри.

На учесниците ќе им се придружи и Активот на жени од здружението на пензионери на Општина Центар, кои освен што ќе ги презентираат  специјалитетите од нашето поднебје, на помладите генерации ќе им покажат како се меси, плете и везе.