Вечерва (7 јуни) во 20 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје ќе се отвори изложбата „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на Албан Муја од Косово. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски.
Муја создава видеоинсталации, филмови, цртежи, слики, фотографии и јавни уметнички дела под влијание на тековните процеси на општествената, политичката и економската трансформација во неговото родно Косово и на Балканот. Преку својата пракса ги истражува историјата и општествено-политичките теми, поврзувајќи ги со неговата моментална позиција во Косово.
Изложбата прикажува избор од неговите дела создадени во периодот од 2016 до 2023.
Фото: Кураторот Јанчевски со Албан Муја