„ДНК“ ГО СНИМИ ДУЕТОТ „АМАЈЛИЈА“ СО ТЕА ТРАЈКОВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Амајлија“ е новата песна на аренби дуото „ДНК“, снимена со младата поп-пејачка Теа Трајковска. Музиката е на Владимир Блажев-Панчо и Лазар Цветкоски, кој е и автор на аранжманот, а Блажев го напиша текстот.

Спотот е снимен на Златибор, а го режираше Даниел Јовески.

„ДНК“ минатиот месец издаде уште еден сингл, дуетот „Животе брате“ со фолк-пејачот Наум Петрески, кој е актуелен на радиостаниците и на музичките платформи.