ПИЈАНИСТКАТА ДУЊА ИВАНОВА СО КОНЦЕРТ ВО ВИЕНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Пијанистката Дуња Иванова на 24 јуни ќе одржи солистички концерт во Виена. На програмата се дела од јапонскиот композитор Рјуичи Сакамото и Ханија Рани од Полска.  

Дуња Иванова е магистерка по пијано и докторка на науки по филозофија. Има настапувано во САД, Франција, Босна и Херцеговина, Италија, Косово, Црна Гора и Албанија и на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на македонска музика, „Браќа Манаки“ и други. 

Иванова е наставничка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје.