„ХАМЛЕТ“ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ДОБИ НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА НА ФЕСТИВАЛОТ ИНФАНТ ВО БЕЛГРАД

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Народниот театар од Битола ја доби наградата за најдобра претстава на фестивалот Инфант во Белград, за „Хамлет – денот на убиствата“, во режија на Марјан Неќаќ..

Фестивалот се одржа по 51. пат, а битолската претстава едногласно ја избра жири во состав Јована Балашевиќ – актерка, Јелена Радовиќ – сценограф и Милован Филиповиќ – актер.

„Едноставноста и прецизноста на режисерската постапка, синхронизираната и силна изведба на ансамблот, визуелно и музички имагинативна и смислено намалена и конкретна, сето тоа го прави битолскиот ‘Хамлет’ комплетна и вредна претстава, во духот и традицијата на овој фестивал“, велат од Битолскиот театар.

Ж. ЗДРАВКОВСКА