Двојната оскаровка Барбра Стрејсенд во интервју за магазинот „Вараети“ откри дека двапати го клонирала своето милениче, пудлицата Саманта, која угина лани на 14 години.
Клонирањето се извршило со земање на клетки од устата и од стомакот пред да угине и резулатот се две кученца, Мис Вајолет и Мис Скарлет.
„Ги чекам да потпораснат, за да можам да видам дали ги имаат нејзините кафеави очи и сериозност“, изјави таа.
Кога пристигнале кученцата, таа ги облекла во виолетова и во црвена боја, за да може да ги разликува.
Додека ги чекала новите миленичиња, актерката и пејачка си земала друго кученце од истата раса, кое имало далечна врска со Саманта. Името му било Смешна Девојка, според филмот од почетокот на кариерата на Стрејсенд, но таа ја нарекла Мис Фани.