Леди Гага ќе биде во фокусот на вечерашното доделување на Златните глобуси, бидејќи нејзиниот филм „Ѕвезда е родена“ е голем фаворит за триумф во некои од најважните категории. Букмејкерите предвидуваат дека поп дивата ќе се закити со две награди, со што, сепак, нема да ја надмине својата претходничка во оваа улога, Барбра Стрејсенд.

Се очекува Леди Гага да биде прогласена за најдобра актерка во драма за својата прва голема улога во Холивуд, a уште поизразен фаворит е во категоријата најдобра оригинална песна.

Пред 42 години, Стрејсенд на крајот на вечерта имаше три статуетки: за најдобра актерка во мјузикл/комедија и за најдобра песна, но и како еден од продуцентите на „Ѕвезда е родена“, кој беше прогласен за најдобар филм.

Филмот на Бредли Купер е третиот римејк на оваа класична холивудска приказна, првпат снимена во 1937 година. Верзијата со Стрејсенд од 1976 година е најпозната, освојувајќи пет златни глобуси, но само еден оскар.

Ѕвезда е родена“ вечерва ќе се бори за пет награди.