СКУЛПТУРА ОД ШТИПСКИОТ ВАЈАР НИКОЛА СМИЛКОВ ЌЕ БИДЕ ИЗЛОЖЕНА ВО БАРСЕЛОНА

Штип, (СМАРТ.СДК.МК)

„Ова дело го изработив во бронза и ќе биде дел од групната меѓународна изложба ‘Надвор од границите’. Ќе биде изложена заедно со уште 30-ина дела на ликовни уметници од целиот свет. Делата за изложбата се избрани на меѓународен конкурс“, рече Смилков. 

По изложбите во Берлин, Сплит, Будва, Париз, Брежице и Њујорк, ова му е прво гостување во Барселона, за што вели дека е чест затоа што е избран од меѓународна комисија. 

 

Никола Смилков е редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и во континуитет е активен на домашната и меѓународната ликовна сцена.            

 

Т. ЈОВАНОВСКИ