ПОЗНАТИТЕ СИНИ ЧЕВЛИ ОД ВЕЛУР НА ЕЛВИС ПРИСЛИ ЌЕ СЕ ПРОДАДАТ ЗА 142.000 ЕВРА НА АУКЦИЈА

САД, (Би-Би-Си)

Сините чевли од велур што ги носеше Елвис Присли би можеле да достигнат цена од 142.000 евра на аукција. Познат како крал на рокенролот, пејачот ги носеше чевлите на сцената и надвор од неа во текот на 1950-тите, како и во телевизиското шоу на Стив Ален.
Се очекува тие да достигнат цена меѓу 118.000 и 142.000 евра кога ќе бидат продадени од аукционерите „Хенри Олдриџ енд сан“ во Девизес, Вилтшир.

„Тоа се легендарни чевли на кои веднаш помислувате кога зборувате за Елвис Присли“, рече аукционерот Ендрју Олдриџ.

Чевлите се очекува да достигнат цена меѓу 118.000 и 142.000 евра (Фото: ПА)

Минатата година, аукциската куќа продаде палто од визон во сопственост на Елвис за 150.000 евра.

На продажба ќе се најдат и сребрен ѓердан што го носел пејачот и дводелен костум на Фреди Меркјури од „Квин“.