Леброн Џејмс ќе ја игра 22. сезона во НБА-лигата, со што ќе го израмни рекордот на Винс Картер. Тој се согласил да го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс за уште две години, со опција да стане слободен играч по завршувањето на следната сезона.
Џејмс би требало да добие околу 50 милиони долари за следната сезона, со што ќе стигне до вкупната заработка од 530 милиони долари во кариерата и ќе стане првиот играч во историјата на НБА кој ја надминал границата од 500 милиони.
Имајќи предвид дека Лејкерс неодамна го драфтуваше Брони Џејмс, ова ќе му овозможи да си го исполни сонот да заигра заедно со својот син.
Џејмс ќе наполни 40 години во декември и веќе е најстариот активен играч во лигата. И покрај тоа, минатата сезона одигра 72 меча и имаше просек од 25,7 поени, 7,3 скока и 8,3 асистенции по натпревар.
(Фото: Гети)