ВО СВЕТОТ ИМА 30 „СИНИ ПАРКОВИ“, НАЈУБАВИТЕ СЕ ЗАШТИТЕНИ ОД УНЕСКО И ДОСТАПНИ ЗА ТУРИСТИТЕ

САД, (Дејли паспорт)

В светот има 30 „сини паркови“, лоцирани во 23 земји  кои ја добија оваа титула. Само во 2024, три нови локации веќе се додадени на листата, а неколку други се натпреваруваат за идно вклучување во „семејството на сините паркови“.

Заливот Китасу е првиот светски морски парк заштитен од домородните жители.  Китасу е еколошки значаен залив во близина на централниот брег на Британска Колумбија, 480 километри северно од Ванкувер. Заливот е особено ценет поради неговите подводни шуми со алги, кои служат како расадници на лосос, како и неговите длабоки води кои се живеалиште за рибите кои живеат на дното и фоките и морските лавови што ги ловат.

Заливот Китасу во Британска Колумбија (Фото: Гети)

Природниот парк Апо гребен (фото) штити три мали острови и околниот корален брег во близина на филипинската провинција Оксидентал Миндоро. Според УНЕСКО, Апо гребен е вториот по големина систем на корални гребени во светот, по Големиот корален гребен во Австралија. Гребенот е засолниште за голем број ретки риби, ајкулите и китовите, и е популарна дестинација за нуркање.

Како дом на повеќе од 2.900 морски видови, морскиот резерват Галапагос во Еквадор е едно од биолошки најразновидните морски заштитени подрачја на Земјата. Областа е прогласена за „Син парк“ од 2019, и е светско наследство на УНЕСКО од 2001. Китовите, морските лавови, пингвините, делфините, морските желки и морските игуани се само неколку од многуте видови што живеат таму.

Морскиот резерват Галапагос во Еквадор (Фото: Гети)

Прогласен за „Син парк“ во 2021, во Националниот парк „Хардинес де ла Реина“ во Куба се сместени некои од најдобро зачуваните корални гребени на Карибите, заедно со шумите и морскиот свет. Морската заштитена област е составена од околу 600 мали острови, формирајќи архипелаг кој често се нарекува „Кубанската корална градина“. Со 30 видови корали, тој е дом на најголемата популација на риби во кубанските води. За туристите, се нудат неколку бродски тури со можност за нуркање во чистите води.

Националниот парк „Хардинес де ла Реина“ во Куба (Фото: Гети)

Најголемата морска заштитена област во Кенија е еден од двата сини паркови во Африка. Морскиот парк и резерват Кисите-Мпунгути е разновиден и комплексен екосистем од корални гребени, ливади од морска трева и шуми. Има околу 250 видови риби, 56 видови корали, десетици делфини, морски желки, китови, морски птици и други диви животни. Кисите-Мпунгути е лоциран е близина на популарни туристички дестинации. Паркот е лесно достапен за посетителите заинтересирани да ги истражуваат неговите природни убавини.

Кисите-Мпунгути во Кенија (Фото: Гети)