СО МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“ СЕ ЗАТВОРИ ОХРИДСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ НА ПЛАЖА

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Со македонскиот филм „Те дуа, жими мене“ од Марјан Гавриловски се затвори Филмскиот фестивал на плажа во Охрид. Филмот, кој лани ја имаше премиерата во Скопје, се прикажа пред полн капацитет на плажата „Славија“ и доби аплауз на крајот од проекцијата. Публиката потоа поставуваше прашања на дел од актерската екипа.

Во главните улоги се Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Ангела Стојановска и Валентин Видовиќ, а играат и Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Рујиш Беговска, Мирсад Абази, Талија Настова, Елдин Широки, Исмаил Касуми, Надица Петрова, Сара Спиркоска, Ангела Димитрова и Флакрон Алиу.

Филмскиот фестивал на плажа се одржа по 7. пат на повеќе локации во Охрид на отворено, а имаше и настапи на диџеи и бендови, како и караоке забави.