ВЕНЕЦИЈА ЗА 29 ДЕНА ЗАРАБОТИ НАД ДВА МИЛИОНА ЕВРА ОД НАПЛАТАТА НА ВЛЕЗНИЦИ

Венеција, (Си-Ен-Ен)

Венеција заработи над два милиона евра од наплатата за влез во градот, соопштија властите.

Според градоначалникот Луиџи Бруњаро, експериментот со резервација од пет евра дневно, кој започна на 25 април и траеше во одредени денови до 14 јули, донесе приход 2.425.310 евра. Градот првично очекуваше да собере околу 700.000 евра.

Резервации направиле 3.618.114 луѓе, од кои 1.398.084 биле ослободени од плаќање бидејќи престојувале во хотели. Меѓу останатите исклучоци се над 1,3 милиони работници, студенти и жители кои не биле обврзани да платат влезница.

„Експериментот функционираше и можеме да продолжиме напред“, рече Бруњаро.

(Фото: Гети)