ГЕРМАНИЈА ЌЕ ВОВЕДЕ МЕСЕЧЕН БИЛЕТ ЗА КИНО ОД 12,5 ЕВРА

Берлин, (Јуроњуз)

Откако воведе месечен билет од 49 евра за целиот јавен превоз, Германија сега планира да овозможи неограничено гледање филмови во кино по поволна цена.

Проектот наречен Cinfinity треба да почне во октомври низ целата земја, при што за 12,5 евра месечно ќе може да се оди во кино во кое било време. Повеќе од 100 киносали досега се пријавиле за оваа иницијатива. За билетот ќе можат да аплицираат само постари од 18 години.

Просечната цена на кинобилет во Германија во 2023 била 9,71 евра, што за викенди се зголемувало до 12 евра.

Новата услуга има за цел да ги поттикне луѓето да одат во кино почесто, во време кога доминираат стриминг сервисите. Сојузниот филмски одбор, кој е иницијатор на проектот, очекува бројот на гледачи во кината да се зголеми за 10-20%.