Српскиот виолинист со светска кариера и миленик на македонската публика Стефан Миленковиќ на 20 септември ќе има концерт во Филхармонијата во Скопје со македонскиот камерен оркестар „Профундис“. На програмата се дела од Чајковски, Паганини, Сен-Санс, Масне, Бацини и Сарасате.
Миленковиќ ја почна кариерата на шест години, одржувајќи повеќе од 1,000 концерти пред да наполни 16 години. Неговите виртуозност и длабочина на изведбата го направија еден од најпочитуваните виолинисти на својата генерација. На 10 години настапи пред претседателот на САД Роналд Реган на Божиќниот концерт во Белата куќа, следната година свиреше за Михаил Горбачов во Белград, а на 14 години настапи пред папата Јован Павле Втори.
Фото: А. Васиљевиќ