ЧОКОЛАДНА ОБЛЕКА НА МОДНА ПИСТА ВО БРИСЕЛ

Брисел, (Ројтерс)

Сто и триесет слаткари учествуваа на тридневниот меѓународен саем за чоколади во Белгија, која ја има репутацијата на водечки светски производител на чоколадо.

Сто и триесет слаткари учествуваа на тридневниот меѓународен саем во Брисел (Фото: Ројтерс )

На модното шоу во Брисел, моделите носеа облека од чоколадо, направена од тимови од слаткари и пекари од повеќе од 15 земји. Од чоколадо беа изработени целосните стајлинзи, од фустани, блузи, здолништа, па сѐ до шапки и чанти.

(Фото: АФП)

„Повторно, ова е сон кој станува реалност, а нам ни течат лиги од креациите“, изјави градоначалникот на Брисел, Филип Злато.