БЕНДОТ „ХАУНДС“ ЌЕ ГО СЛАВИ 16. РОДЕНДЕН СО КОНЦЕРТ ВО ПРИЛЕП

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Прилепскиот панк-рок бенд „Хаундс“ слави 16 години постоење со концерт во Прилеп, на 21 август од 21 часот. Концертот ќе се одржи во центарот на градот, во чаршијата, пред клубот „Калинка“.
„На сцената нема да сме сами, традиционално ќе нѐ придружуваат наши колеги, уметници. Заедно ќе направиме настан за паметење, кој со текот на годините ќе прерасне во културен белег на градот“, велат членовите на бендот.
На 16 август, „Хаундс“ ќе настапи на прилепскиот плоштад со „Љубојна“ и диџеј Јован.