На 28 август на градскиот плоштад во Радовиш со два концерта ќе се прослават Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш.
Од 21 часот, концерт ќе одржи актерот, музичар и шоумен Игор Џамбазов, кој придружуван од „Гуру Харе бенд“ ќе ги испее своите најголеми хитови, како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“ и „Да си жив и здрав“.
Прославата ќе продолжи во 23 часот со настапот на „Црвена јабука“. Босанската поп-рок група неодамна имаше концерт во Охрид пред полн Антички театар.