КОМЕДИЈАТА „ЖЕНИ ВО ЦРВЕНО“ ВО ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 9 октомври од 19 часот во Националната опера и балет ќе игра српската комедија  „Жени во црвено“.
Претставата зборува за четири жени чија реалност во која живеат доведува до неочекуван расплет. Поранешната стјуардеса Тамара и нејзината невработена сестра Нора се во долгови и немаат пари да го платат станбениот кредит. Динка, службеничка во банка доаѓа да им го конфискува имотот, но таа наидува на силен отпор. Сестрите се подготвени на на сѐ да го задржат станот,  и тогаш на местото на настанот доаѓа Анѓа, полицајка.
Во претставата играат: Олга Одановиќ, Дубравка Миајтовиќ, Анастасија Мандиќ и Сена Ѓорѓевиќ. Текстот е на Давор Шпишиќ а режијата на Бојана Лазиќ.
Билетите се продаваат преку мрежата на Карти.мк