Трејлерот за новиот документарен филм за ѕвездата од „Супермен“, Кристофер Рив, вклучува емотивен момент од животот на неговиот син.
„Супермен-приказната за Кристофер Рив“ ја истражува кариерата и активизмот на Рив по несреќата на коњичкиот натпревар во 1995 што го остави парализиран. Актерот почина во 2004 од срцева слабост на 52 години.
Во трејлерот, неговиот најстар син Метју е видно трогнат кога споделува спомен од својот татко.
„Рековме збогум, ми мафна“, се сеќава Метју Рив. „Тоа беше последен пат кога го видов на нозе“.
Кристофер Рив беше страствен и искусен коњаник. Тој бил фрлен напред откако неговиот коњ се откажал при скок на натпревар во Вирџинија, што му предизвикало повреда и парализа.
Документарецот содржи и интимни интервјуа со сопругата на Рив, Дејна, која почина во 2006 рак на белите дробови, и блиските пријатели Сузан Сарандон и Глен Клоуз.
Филмот дебитираше на филмскиот фестивал „Санденс“ во јануари и ќе игра во одредени кина во САД на 21 септември и 25 септември.