ДЕЈВИД ФИНЧЕР ЌЕ СНИМА ВЕСТЕРН ЗА „НЕТФЛИКС“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Дејвид Финчер ја продолжува соработката со „Нетфликс“, а неговиот следен проект ќе биде вестерн. Филмот е насловен „Bitterroot“ и сценариото било напишано уште во 2008, тогаш под името „Big Hole“.

Приказната ќе следи остарен сточар кој, откако ќе му ја украдат животната заштеда, тргнува во потрага да си ги врати парите, ограбувајќи банки и ловејќи ги крадците. Него го брка сопствениот син, кој е шериф во градот. Филмот по стилот и тонот се споредува со класикот на Клинт Иствуд, „Непростено“.

Финчер претходно сними два филма за „Нетфликс“, „Менк“, кој освои два оскара и „Убиецот“ со Мајкл Фасбендер.