ЌЕ СЕ СНИМА ПЕТТА СЕЗОНА НА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Лос Анџелес, (Ју-Ес-Еј тудеј)

Ќе се снима петта сезона на популарната серија „Емили во Париз“, објави стриминг гигантот „Нетфликс“.

„Нема друго место како Рим“, вели актерката Лили Колинс во видео објавено на социјалните мрежи.

Колинс ја игра насловната улога, Американка која се сели по работа во Париз и станува инфлуенсерка.

„Воодушевени сме од неверојатните реакции на публиката по четвртата сезона и возбудени сме што ќе се вратиме за петта сезона за да продолжат авантурите на Емили во Рим и Париз“, изјави креаторот на серијата Дарен Стар

Премиерата на вториот дел од четвртата сезона беше на 12 септември и заврши со преселувањето на Емили во Рим.

„Дали тоа значи дека Емили трајно се пресели во Рим? Не. Емили ќе биде присутна во Рим, но тоа не значи дека нема да биде во Париз“, кажа Стар.

„Емили во Париз“ имаше премиера во октомври 2020.

Фото: Нетфликс