СОВРЕМЕНАТА БАЛЕТСКА БАЈКА „ПЕПЕЛАШКА“ НА 27 СЕПТЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев ќе игра во Националната опера и балет на 27 септември од 20 часот.

Приказната за „Пепелашка“ е во кореографија на Александар Илиќ од Србија. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ од Хрватска, а сценограф е Филип Коруновски. Во балетот играат Наташа Трендафилова-Гицев (Христина Наќевска), Игор Веланоски, Саша Евтимова, Ангела Богатинова, Ендрју Кук од Англија, Кристијан Јангос, Драган Кочоски и Гала Кочевска, како и солисти и балетскиот ансамбл на НОБ.

Илиќ вели дека оваа поставка на балетот не е класична верзија, туку е создадена во еден посовремен контекст.

„Нашата ‘Пепелашка’ ја сместивме во една потполно поинаква временска рамка, во 1970-тите години. Поточно, во време на популарноста на филмот ‘Брилијантин’ и со самото тоа се поигравме со нашата ‘Пепелашка’ во тоа време“, вели Илиќ.