НА АУКЦИЈА СЕ ПРОДАВА ДИЈАМАНТСКИ ЃЕРДАН СО БОГАТА ИСТОРИЈА, ПРОЦЕНЕТ Е НА 2,8 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Лондон, (Ројтерс/Си-Ен-Ен)

Редок дијамантски ѓердан, што аристократи го носеле на две британски крунисувања, ќе биде ставен на аукција во ноември и се очекува да се продаде за 2,8 милиони долари. Се претпоставува дека содржи дијаманти од озлогласениот ѓердан на француската кралица Марија Антоанета,

Накитот кој тежи 300 карати бил изработен една деценија пред Француската револуција во 1789. Има три реда дијаманти и дијамантски реси на краевите. Последен пат бил виден во јавност во 1973, кога бил купен од приватен колекционер. По 50 години беше јавно претставен на 23 септември во „Сотбис“ во Лондон.

„Да се има недопрен скапоцен камен од 18. век со овие големина и важност на дијамантите е исклучително ретко“, вели Андреас Вајт Кореал од „Сотбис“.

Аукцијата е закажана на 11 ноември во Женева.

(Фото: Сотбис)