ХИП ХОП ФЕСТ ВО АВТОКОМАНДА НА 27 И 28 СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 27 и 28 септември во скопската Општина Гази Баба ќе се одржи третото издание на Хип хоп фест.

Настанот почнува во Домот на културата, каде што од 18 до 20 часот ќе има хип-хоп работилница со Кацар (фото).

Утредента од 15 часот ќе се одржи работилница за стрип со Тонио Сан, па следува Хип хоп поетри слем од 18 часот.

На плоштадот Коцка во Автокоманда од 19 часот ќе има фристајл сесии со Мартикс и Паки и настапи на диџеите Славе и Бугимен.