ЏОРЏ И АМАЛ КЛУНИ СОБРАА 400 ГОСТИ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ АЛБИ

Њујорк, (Њујорк тајмс)

Фондацијата за правда „Клуни“ ги одржа третите годишни награди Алби во Јавната библиотека во Њујорк, собирајќи бројни ѕвезди од светот на шоу бизнисот и спортот и филантропи.

Домаќини на гала настанот се сопружниците Џорџ и Амал Клуни (фото), заедно со „Мајкрософт“ и „Версаче“, па овој моден бренд облече најголем дел од гостите.

Џорџ Клуни со Емили Блант и Џон Красински (Фото: Њујорк тајмс)

Меѓу речиси 400 гости беа Донатела Версаче, Стинг, Кејт Бланшет, Емили Блант, Алек Болдвин, Двејн Вејд, Марк Ронсон, Џими Фалон, Џо Стјуарт…

Џорџ и Амал работат на екстремно проблематични места во светот, каде што во тек се конфликти. Затоа многу им се воодушевувам“, изјави сопругата на Стинг, Труди Стајлер.

Амал Клуни, Донатела Версаче и Шарлот Тилбури (Фото: Њујорк тајмс)

Со наградите Алби им се оддава почит на активисти, новинари и борци за човекови права, а меѓу годинашните добитници беше и 94-годишната Долорес Хуерта.

Таа има 94 години и има повеќе енергија од сите нас. Откако ќе замине оттука, ќе се качи на авион и ќе отиде да протестира во Мексико за нешто. Таа е вистински борец за слобода“, изјави Џорџ Клуни.

Стинг и сопругата Труди / Кејт Бланшет и Џими Фалон (Фото: Њујорк тајмс)