Мурал кој ја слави шпанската керамика е насликан на еден од ѕидовите на Театар Комедија во Скопје. Автори на муралот се Викторија Митева и Орхан Камилов, кои на овој начин го продолжуваат проектот „Дијалози“, што се реализира во соработка со здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од Македонското модно здружение.
„Македонските уметници ја доловија својата визија за уметничката традиција на керамиката талавера де ла реина во нивните модни дизајни и керамички фигури“, велат од Македонското модно здружение.