„ЛАЈБАХ“ СЕ ВРАЌА ВО СКОПЈЕ ВО МАРТ 2025

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Култниот словенечки бенд „Лајбах“ се враќа во Македонија следната година и ќе одржи концерт во Филхармонијата на 4 март, објави „Пасворд продукција“.

„Лајбах“ доаѓа во Скопје во рамките на светската турнеја „Opus Dei Revisited“, заснована врз албумот „Opus Dei“, кој оригинално излезе во 1987, а сега е ремастериран. Ова е албумот што му донесе меѓународна афирмација на бендот.

Од „Пасворд“ најавуваат дека на концертот нема да се свират само песните од овој албум, туку од целокупната дискографија на „Лајбах“, која се протега од 1985 до 2023.

Влезниците се по цена од 1.000, 1.200 и 1.500 денари.

(Фото: Фејсбук)