На 19 октомври од 11 часот во Јавна соба во Скопје ќе се одржи работилница за редизајн на ранец, во рамките на Скопската недела на дизајн.
Работилницата се реализира во соработка со „Литература.мк“ и e наменета за сите млади креативци и талентирани дизајнери. Под менторство на модната дизајнерка и професорка Лидија Георгиева, тие ќе редизајнираат ранци, инспирирани од темата на годинашното издание на Скопската недела на дизајн „Чиста мобилност“ како пристап кон почиста, подобра и поефикасна околина.
Редизајнираните ранци и маици ќе бидат изложени во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ за време на ова Скопската недела на дизајн издание од 6 до 11 ноември. Изложбата ќе биде од продажен карактер.
Пријавувањето е преку електорнска пошта [email protected] со назнака „Работилница за редизајн на ранец на Скопската недела на дизајн. Повикот ќе биде отворен до 10 октомври.
Настанот е со ограничен број од 20 учесници, а избраните кандидати ќе бидат известени на нивната е-пошта.