ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ ОД АНГЕЛ КОРУНОВСКИ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Летаргија“ е насловена изложбата на цртежи од Ангел Коруновски, што ќе се отвори вечерва (9 октомври) во Музејот на Град Скопје. Цртежите се работени во комбинирана техника.

Кураторката Јасминка Намичева вели дека зародиш на концептот на изложбата е глобализацијата, пласирањето на лажни информации и вредности, како и потценувањето на луѓето и нивните способности.

„Осознавањето преку брза информација без потковување на знаењето, што изискува време и истражување, претставува проблем во целото општество кое се движи во погрешен правец, комплетна капитализација и вреднување на материјални добра како основен идентитетски печат кај единките. Делата на изложбата се сурови, искрени и голи како нужна потреба на отсликувањето на општеството. Впрочем, нели културата е образ, огледало на времето и општеството во кое живееме?“, вели Намичева.