ИГОР ЏАМБАЗОВ, ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ И КАМКА ТОЦИНОВСКИ ДЕЛ ОД НАСТАНОТ „НОВА НАДЕЖ“ НА СПОМЕН-КОСТУРНИЦАТА ВО ВЕЛЕС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (11 октомври) на Денот на македонското востание, музичката платформа „Терапија“ организира мултимедијален настан на Спомен-костурницата во Велес од 18 часот. На настанот насловен „Нова надеж“ настап ќе имаат Игор Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ и диџеите Ивана Драгшиќ и Александар Гроздановски-Херзел.

Настанот ќе го видат актерите Тони Михајловски и Камка Тоциновски.

„Терапија“ веќе неколку години организира настани од мултимедијален карактер на јавни објекти кои се дел од домашното културно наследство.