ПО 20 ГОДИНИ ИЗГРАДБА ДЕЛУМНО СЕ ОТВОРИ ГОЛЕМИОТ ЕГИПЕТСКИ МУЗЕЈ ВО КАИРО

Каиро, (Би-Би-Си)

Долгоочекуваниот музеј кој ќе биде дом на најголемата колекција на древни египетски артефакти на светот конечно отвори некои од своите галерии.

(Фото: Гети)

Големиот египетски музеј се гради повеќе од 20 години и ќе прикаже над 100.000 предмети, вклучувајќи богатства од гробницата на кралот Тутанкамон. Тие засега не се изложени, но посетителите можат да видат статуи на фараони, саркофази и мумифицирани тела.

(Фото: Гети)

Музејот првично требаше да се отвори во 2012, но трошоците, политичките превирања во земјата и пандемијата на ковид-19 придонесоа за бројни одложувања. Овој мегапроект досега чинел над милијарда долари.

Делумното отворање има пробен карактер, а кога официјално ќе биде отворен, засега не се знае.

(Фото: Гети)