Балетот „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди ќе има втора изведба на 2 ноември од 20 часот во Националната опера и балет, откако се распродаде првата на 30 октомври.
На двете претстави ќе диригира Едуард Амбарцумјан од Ерменија. Кореографијата е на Васили Медведев од Русија, кој работи во театрите „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се на Павол Јураш од Словачка.
Во улогите на Маргарита и Арманд прво ќе бидат Марија Кичевска-Шокаровска и Франсиско Хименес Руис од Шпанија, а на 2 ноември ќе играат Наташа Трендафилова-Гицев и Валери Љубенко од Украина. Настапуваат и солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на НОБ.