Пијанистката Даница Стојанова ќе одржи концерт во Велес, што ќе се одржи денеска (23 октомври) во Ликовниот салон од 19 часот.
Стојанова е пијанистка и професорка во средното музичко училиште. Има одржано мастер-класови за пијано во Македонија, Малезија, Косово и Турција и предавања на повеќе меѓународни фестивали. Со солистички рецитали настапувала во Бугарија, Унгарија, Турција, Малезија, Германија, Холандија, Франција, Италија и други земји.
На концертот во Велес кој е поддржан од Министерството за култура ќе свири дела од Зографски, Сати, Цанев, Шопен и Гранадос.