ЌЕ СЕ ПРОДАВА РЕДОК ПРИМЕРОК ОД КНИГАТА „МАЛИОТ ПРИНЦ“ СО РАЧНО НАПИШАНИ КОРЕКЦИИ

Лондон, (Ројтерс)

Редок примерок на книгата „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, кој содржи обемни рачно напишани корекции од францускиот автор, кој според препродавачите на книги е книжевно богатство, ќе се најде на аукција за  1,25 милиони долари во Абу Даби следниот месец.

Книгата која е меѓу најпреведуваните книги во светот, не сметајќи религиозни текстови, беше објавена во 1943 во екот на Втората Cветска војна.

Примерокот е искуцан на машина за пишување, на француски јазик додека авторот бил во Њујорк, каде пребегнал од нацистичко окупираната Франција, непосредно пред да замине да служи во Слободното француско воздухопловство во борбата против окупацијата.

Другите две од трите познати копии се наоѓаат во француската Национална библиотека и во Центарот „Хари Рансом’ во Тексас.

Примерокот што е на аукција, го прикажува она што се смета дека е првото пишано појавување на една од најпознатите реченици во книгата: „Само со срцето може да се види правилно; суштинското е невидливо за окото“.

Покрај рачно напишаните корекции, книгата содржи две оригинални скици со молив од авторот, вклучувајќи и рана скица за последната илустрација на книгата за Mалиот принц кој се враќа дома.

Фото: Би-Би-Си