ФУСТАНОТ МИ ГО ЦРТАА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ШТИП, ЌЕ ГО ПРОДАВАМ НА АУКЦИЈА И ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ДОНИРАМ ЗА НИВ, РЕЧЕ НА МАКФЕСТ ПЕЈАЧКАТА МАРИЈА АТАНАСОВА

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Пејачката Марија Атанасова е едиствената штипјанка која годинава настапи на штипскиот фестивал Макфест, што се случува за првпат во овие 39 години колку што трае фестивалот. Таа беше и единствената пејачка со хумана мисија.

Атанасова имаше најпечатлив фустан, рачно нацртан од децата со попрeченост од Дневните центри од Штип и децата од големите групи од градинката „Астибо“ од Штип. Пејачката ни рече дека веднаш по фестивалот, фустанот ќе се продава на јавна аукција на нејзините социјални мрежи, а парите одат во хумани цели.

Фустанот на Марија Атанасова е рачно нацртан од децата со попрченост од Дневните центри од Штип и децата од големите групи од градинката „Астибо“ од Штип (Фото: СМАРТ.СДК.МК)

„Парите од продажбата на фустанот ќе ги донирам за децата со попреченост. Отсекогаш сум сакала да помагам на најранливите категории, но не сум имала можност. Ова беше начин и децата да учествуваат и заедно да направиме нешто добро“, ни рече поп-пејачката која за првпат на Макфест настапи во 2022.

„Претходно имам настапувано и како виолончелист, и со детски хор. Студирам на Музичка академија во Штип, а сум дипломиран правник на Славјанскиот универзитет, и би сакала да можам да го спојам правото со музиката“, вели Атанасова.

М.ЏАРОВСКА