СОФИ ТАРНЕР И ЛУСИ БОЈТОН ВО ИГРА ЗА ГЛАВНАТА УЛОГА ВО НОВАТА СЕРИЈА ЗА ЛАРА КРОФТ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Продуцентите на франшизата „Томб рајдер“ се мислат меѓу две актерки за главната улога во новото продолжение во форма на ТВ-серија, Софи Тарнер и Луси Бојтон.

Оскаровката Алисија Викандер ја глумеше Лара Крофт во филмот во 2018, а претходно ликот го играше Анџелина Џоли во 2011.

Набрзо откако Викандер објави дека „е тажна што нема да се врати во улогата на ликот од популарната видеоигра“ , „Прајм видеоо“ тргна во потрага по нова актерка. Продуцентка е Фиби Волер-Бриџ, која склучи договор од 20 милиони долари годишно со „Амазон“.

Филмот со Викандер доби поделени реакции од филмската критика, но заработи 275 милиони долари на светските киноблагајни. Викандер пак, доби големи пофалби за улогата.
Меѓутоа, кога „МГМ“ ги загуби правата за „Томб рајдер“, проектот се распадна, што значи дека Викандер одеднаш ја изгуби шансата да се врати како Крофт.

Холивудските медиуми пишуваат дека во игра за улогата Софи Тарнер, најпозната како Санса Старк од ТВ-серијата „Игра на тронови“ и  Бојтон, која глумеше во „Боемска рапсодија“.
Според „Дедлајн“, ова се само две од ѕвездите за кои размислуваат продуцентите, а се спомнуваат и Ема Корин и Мекензи Дејвис.