ЛУЗНИТЕ ОД МАСТЕКТОМИЈАТА МИ СЕ ДОКАЗ КОЛКУ СИЛНО СЕ БОРЕВ ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА, ВЕЛИ АКТЕРКАТА ОЛИВИЈА МУН

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Актерката Оливија Мун ги покажа лузните од мастектомијата, учествувајќи во кампањата на брендот за долна облека „Скимс“, со цел да апелира на зголемена свесност во борбата против ракот на дојка.

Мун на почетокот на оваа година откри дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка и дека ѝ била извршена двојна мастектомија. Минатиот април имала и хистероктомија, откако претходно зачувала јајце-клетки.

Фото: Скимс

Говорејќи за фотосесијата, глумицата вели дека првично сакала да ги покрие лузните, но се премислила.

„По првата фотографија, требаше да се пресоблечам и со мојата шминкерка почнавме да ги допираме лузните. Откако таа допре една лузна, добив некое ново чувство дека сѐ уште не сум ги засакала. Ги гледав двете лузни од мастектомијата и се сетив на денот кога првпат ги видов и колку беше тоа шокантно за мене. И си реков: ‘Лузните се доказ за тоа колку силно се борев‘. Не сакам да ги покријам, туку сакам да им покажам на сите жени кои имаат исти вакви лузни дека не треба да се чувствуваат лошо поради нив“, изјави 44-годишната Мун.

Во септември, Мун и комичарот Џон Малејни го добија второто дете. Мун кажа дека девојчето е родено од сурогат мајка.

(Фото: Р. Вест)