ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ГРУПА „БАРСЕЛОНА ЏИПСИ БАЛКАН ОРКЕСТАР“ КОЈА ПЕЕ ПЕСНИ И ОД ЕСМА СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Интернационалниот музички состав Барселона Џипси Балкан Оркестар“, ќе одржи концерт во Скопје на 28 февруари во Филхармонијата.

Овој состав е основан во Барселона, пред 13 години, а Иван Ковачевиќ од Србија кој свири контрабас им ја всадил љубовта кон балканската музика, која заедно со циганските и руските романси е нивна водилка. Речиси сите во бендот зборуваат на различен мајчин јазик. По настапите во повеќе од 40 светски земји, во 2022, групата направи одличен концерт во Скопје. На социјалните мрежи станаа вирални по изведбата на „Море сокол пие“, во емисијата на познатиот српски сатиричар Зоран Кесиќ.

Пејачка на бендот е Маргерита Абита, која пее песни македонски, ромскиот, српски, шпански, руски и италиански јазник. Оркестарот има снимено 7 студиски албуми. Членови се: Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Алберт Енкаминанко (перкусии, Шпанија)Жулиен Шанал (гитара, Франција)Чави Пендон (кларинет, Шпанија), Олександр Сора (виолина, Украина) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија).

На репертоарот ги имаат и „Море сокол пие“, „Македонско девојче“, и „Kaleja Jaca“ од Есма Реџепова-Теодосиевска.