ТУРБО РОК ФЕСТИВАЛ СО НЕЛЕ КАРАЈЛИЌ, „ВАН ГОГ“ И „ЈУ ГРУПА“ НА 14 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 14 декември од 20 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи Турбо рок фестивал, објави „Авалон“. На иста сцена ќе настапат д-р Неле Карајлиќ, „Ју група“ и „Ван Гог“.
„Една вечер и три имиња кои се избрани да бидат компатибилни во секој поглед, кои сепак ќе свират 90-минутни, целовечерни концерти. Неле Карајлиќ со својот бенд, 40 години откако кажа ‘Цркна Маршалот’, ќе го пее најдоброто од ‘Забрањено пушење’, како и нов материјал кој македонската публика досега го нема слушнато во живо“, велат од „Авалон“. 
Од продукцијата додаваат оти им е драго што на фестивалот доаѓаат и српските рокери „Ван Гог“, моментално еден од најголемите и најквалитетни бендови во живо на регионалната музичка сцена. „Ван Гог“ во Скопје нема свирено пет години. По повеќе од 50 години, легендарниот српски рок бенд „Ју група“ ќе свири во Скопје со репертоар со нивните најголеми хитови.  
Влезниците ќе бидат во продажба онлајн и во продажната мрежа на ticketx.mk.