ДЕЦАТА СЕ БОМБАРДИРАНИ СО РЕКЛАМИ ЗА БЛАГО И ЈАДАТ ПРЕМАЛКУ ОВОШЈЕ, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИТЕ НАУЧНИЦИ

САД, (Си-Ен-Ен)

Намалувањето на шеќерот во првите две и пол години по зачнувањето може да го намали ризикот од хронични болести кај детето понатаму, откри студијата објавена во списанието „Сајанс“. Истражувачите откриле дека намалувањето на потрошувачката на шеќер ги намалува ризикот од дијабетес тип 2 за околу 35 проценти и ризикот од висок крвен притисок за приближно 20%.

„Ние сме научени да сакаме слатки работи од моментот на раѓање“, вели Марк Коркинс, професор по педијатрија на Универзитетот во Тенеси, кој не бил вклучен во новото истражување.

Според федералните упатства за исхрана на Американците за 2020-2025, секој од две години, па нагоре треба да го ограничи дневното внесување на додаден шеќер на помалку од 10 проценти.

„Додаден шеќер има насекаде, дури и во храната за бебиња и мали деца, а децата се бомбардирани со ТВ-реклами за слатки закуски“, рече Тадеја Грацнер, водечки автор на студијата и виш економист во Центарот за економски и социјални истражувања на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

„Иако подобрувањето на нутриционистичката писменост кај родителите и старателите е клучно, исто така треба да бараме одговорност од компаниите да ја преформулираат храната за бебиња со поздрави опции и да ги регулираат маркетингот и цените на слатката храна наменета за децата“, додаде Грацнер.

Истражувачите во новата студија велат дека трудниците и доилките консумираат тројно повеќе од препорачаната количина додаден шеќер, во просек надминувајќи за 80 грама дневно. Американскиот центар за контрола и превенција на болести предупредува дека многу деца на возраст од една до пет години не јадат доволно овошје и зеленчук дневно, но редовно пијат слатки пијалаци.

(Фото: Гети)