ТРАМП ПОЧНА ДА ПРОДАВА ГИТАРИ, НАЈСКАПИТЕ ЧИНАТ 10.000 ДОЛАРИ

Вашингтон, (АП)

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп влезе и во бизнисот на гитари. Тој на својата социјална мрежа ја најави продажбата на ограничена серија гитари наречени „45“, украсени со американско знаме и орел, како и со фразата „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Доаѓа наскоро! Ограничена серија на гитари ‘45‘. Направени се само по 1.300 електрични и акустични гитари. Некои се и лично потпишани“, објави Трамп на Truth Social.

Името на гитарата се однесува на неговиот статус како 45. претседател на САД.

Гитарите се продаваат по цена од 1.250 до 2.000 долари, а оние кои се потпишани од Трамп чинат 10.000 долари. Такви ќе има само 275.

Трамп има долга традиција на мешање на своите политички и бизнис интереси, па во кампањата лансираше серија брендирани производи, вклучувајќи рачни часовници од 100.000 долари и библии од 60 долари.

(Фото: Truth Social)