Четириесет и деветотто издание на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) завршува денеска (21 ноември) со перформансот „Сѐ што е важно“ од Грција и со кабарето „Танцот на смртта“ (фото) од Украина.
Од 19 часот, во салата „25 Мај“ во Младински културен центар ќе се изведе перформансот „Сѐ што е важно“, каде што двајцата интерпретатори Марта Пасакопулу и Арис Пападопулос навлегуваат во заедничката архива на сценски движења, танцови практики и белешки, кои иако се црпат од минатото, сé создаваат во сегашноста и на сцена.
Од 21 часот во киното Фросина ќе се изведе „Танцот на смртта“, кабаре претстава создадена кратко по почетокот на руската воена агресија. Музичката и изведувачка група „Ќерките на Дак“ од Киев се стекна со меѓународна популарност затоа што шест актерки и пејачки ги раскажуваат приказните на жени од Украина – за војната, нивните секојдневни животи и за тоа како ова го има променето нивниот однос кон животот.