ИМАМ ПРОБЛЕМИ СО ВИДОТ И НЕ МОЖАМ ДА СНИМАМ НОВ АЛБУМ, ВЕЛИ ЕЛТОН ЏОН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Сер Елтон Џон изјави дека не може да го заврши својот нов албум затоа што сѐ уште не гледа добро откако доби инфекција во јули. Тој не можеше да гледа со десното око во последните четири месеци.

„Можам да дојдам на интервју, но одење во студио и снимање се проблем, бидејќи не можам да го видам текстот на песната. Ме измачува и не можам да видам ништо“, рече пејачот.

Сер Елтон додаде дека се лекува и има надеж и охрабрување дека ќе биде во ред.

Во ноември 2023, на церемонијата во Рокенрол куќата на славните, Елтон Џон изјави дека „штотуку го завршил новиот албум со текстописецот Берни Тoпин“.

„Овој албум е апсолутно прекрасен и полн со младост и виталност“, рече тој тогаш.

Последниот студиски албум на Џон со нов материјал излезе во 2016.

(Фото: Гети)