АМЕРИКАНСКАТА АРЕНБИ ЅВЕЗДА ЏЕЈСОН ДЕРУЛО ДОАЃА ВО ОХРИД НА ИЛИНДЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Американската аренби ѕвезда Џејсон Деруло за првпат доаѓа во Македонија, на концерт во Охрид на стадионот „Билјанини извори“ на 2 август, објави продукцијата „Прагма“.

Деруло (35) е пејач, текстописец и танчaр. Од почетокот на соло кариерата во 2009 има продадено над 250 милиони синглови во светот и има 14 платинести синглови во САД. Тој е еден од најпопуларните пејачи кај младата публика, со преку 65 милиони следачи на ТокТок.

На 16 февруари оваа година, Деруло го издаде својот петти студиски албум насловен „Nu King“.

Билетите ќе бидат пуштени во претпродажба на 4 декември преку мрежата на Купикарта, а промотивната цена од 1.500 денари ќе важи седум дена.